Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

По повеќе од 50 години, започнува темелна реконструкција на „Самарџии“ – една од најзначајните улици во Чаршијата

Општина Чаир денеска со почеток во 11:30 часот ќе го означи почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Чаир денеска со почеток во 11:30 часот ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџии“ и уште пет помали краци и улици во Старата чаршија, проект кој има за цел да го врати сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје.

Како што соопштуваат од локалната самоуправа, на настанот се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и значењето на инвестицијата за локалната заедница и културното наследство.

-Улицата „Самарџии“, некогаш центар на занаетчискиот живот во Чаршијата, по повеќе од половина век без сериозна интервенција ќе добие целосна реконструкција на површина од 1.567 м². Проектот предвидува реставрација на калдрмата со травертин камен, со што ќе се зачува историската автентичност на просторот, но и ќе се обезбеди долготрајност. Паралелно, ќе се реализира и целосна модернизација на подземната инфраструктура, која вклучува поставување на оптички влакна, нов водоводен и канализациски систем, како и нова електрична мрежа, интервенција која не е направена со децении, наведуваат од општината.

Реклама

Во рамки на проектот ќе се постави и ново улично осветлување со канделабри во традиционален стил, како и урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци, со што просторот ќе стане пофункционален и попривлечен за граѓаните и туристите.

Со инвестиција од 28,7 милиони денари, овој проект претставува значаен чекор кон заштита, оживување и современо уредување на Старата чаршија, стои во соопштението.