Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

По изборите ќе има решенија за трајно вработување на 155 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово

Медицинскиот персонал кој со години работи со договор на дело во тетовската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицинскиот персонал кој со години работи со договор на дело во тетовската клиничка болница, решенија за трајни вработувања ќе добијат по локалните избори, изјави денеска во Тетово, министерот за здравство Азир Алиу.

Министерството вчера објави дека хонорарците имаат валидни договори за вработување на определено време до 31 декември 2025 година и дека е обезбедена е согласност од Министерството за финансии за вработувањата во Клиничка болница Тетово. Направени се тестирањата на кандидатите на 7 јули 2025 година, а постапката за вработувањата е ставена во мирување поради распишувањето на локалните избори.

– Во моментов заради законските пречки ќе треба да чекаме локалните избори, да поминат и понатаму да се продолжи уште последниот чекор во оваа постапка. Нема да завршиме тука, бидејќи анализите покажуваат дека во Тетово има потреба од над 300 вработени. Ние ќе отвориме и друга постапка се со цел да може да се намали тој гап меѓу потребите и услугите што ги нуди болницата, рече Алиу.

Реклама

Според него, за 155 работни места се пријавиле 290 кандидати, па затоа по изборите ќе има и уште еден конкурс за вработување медицински персонал.

– Тие се дел од инфраструктурата, дел од болница во Тетово и тие веќе работат и ќе работат до тогаш, тие беа дел од процесите за да можат од нив 155 да бидат вработени. Со другите најверојатно ќе почнеме уште една процедура, бидејќи има потребите за човечки капацитети, како министерство и на болницата и ние ќе мора да работиме интензивно за тој момент да биде да биде синхронизиран со услуги, рече Алиу.

По новинарските написи за штрајк на вработените во пералницата при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поради неисплатени плати, министерот одговори на новинарско прашање дека утринава разговарал со нив со цел да продолжат со работа, како и да се најде решение.

– Владата ме задолжи и како министерство и како министер да почнам преговори со приватната компанија со која има јавно приватно партнерство за да најдеме решение. Тоа приватно партнерство со таа компанија датира од 2019 година, досега немаме никаков резултат и сега треба да видиме дали е пречката во административните процеси или од наша страна како партнер во овој проект или од страна на приватниот партнер. Значи колегите вработени кај нас веќе од денес се на работа и ќе го чекаме исходот што ќе биде брзо, најверојатно максимум за недели, истакна Азир Алиу.

Тој денеска одржа работна средба со директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези и градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами со цел да се разгледаат приоритетите за инфраструктурно унапредување на здравствената установа и реконструкција на постојните капацитети.