Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

По интензивните напори на Владата: Трамп двојно ја намали царината за Македонија

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време ги објави новите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово по македонско време ги објави новите царински стапки за сите земји од светот што досега не постигнаа официјално трговски договор, пред да истече последното одложување на претходно објавените царински стапки, на први август.

Македонија официјално има стапка од 15 отсто, исто како за Европската унија, којашто склучи трговски договор само пред три дена, на 27 јули. Првично објавената царинска стапка за македонските стоки од месец април, изнесуваше 33 отсто, што значи дека новата стапка е повеќе од двојно пониска.

Трамп објави минимална глобална царинска стапка од 10 отсто, додека за земјите со коишто САД имаат значителен трговски дефицит, како што изјави, ќе има стапка од 15 отсто па нагоре.

Реклама

Од европските земји најсилно е погодена Швајцарија, со стапка од 39 отсто, додека од регионот Адрија, Србија ќе има стапка од 35 отсто, Босна и Херцеговина од 30 отсто, а Хрватска и Словенија, како членки на ЕУ, имаат царина од 15 отсто. Црна Гора и Албанија, како и сите останати земји коишто не се наоѓаат на списокот на земји наречен од Белата куќа, Анекс 1, ќе имаат пониска стапка, од 10 отсто.

Од позначајните трговски партнери на САД, Канада доби висока царинска стапка, од 35 отсто, Тајван од 20 отсто, Израел од 15 отсто, Јужна Африка од 30 отсто, Венецуела од 15 отсто, економиите од југоисточна Азија Камбоџа, Малезија и Тајланд добија 19 отсто, додека Лаос и Мјанмар високи 40 отсто.

Претходно, на фамозниот „Ден на ослободувањето“, како што го нарече 2 април, Трамп објави долг список на царини за стоки што пристинуваат во САД од речиси секоја земја во светот, вклучувајќи и покачени реципрочни стапки за одредени држави.

Примената на царинските стапки оттогаш се одложуваше двапати, еднаш за 9 јули, а потоа за 1 август. На почетокот на јули, пак, Трамп почна да испраќа предупредувачки писма дека покачени стапки ќе бидат применети кон повеќе држави почнувајќи од први август. Досега САД објавија дека склучиле договори со неколку држави, но тоа се повеќе како своевидни рамки, додека многу детали сѐ уште остануваат непознати. Досега Трамп објави дека се договорил со Обединетото Кралство, Виетнам, Индонезија, Филипини, Јапонија, ЕУ и Јужна Кореја.