Тежок удар за Јавното обвинителство – мнозинството пратеници во Законодавниот дом му изгласаа недоверба на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски – единствени кои застанаа во негова одбрана и како чамец за спас беа СДСМ и ДУИ – партиите кои практично и го донесоа на оваа позиција.
Со 71 глас за, ниту еден против или воздржан, помина интерпелацијата. Сега е на потег Коцевски да покаже доблест и да си поднесе оставка, кога оние што го бираат – пратениците – не му веруваат.
На гласањето му претходнеше жестока дебата. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште пред седницата обелодени дека ќе ја поддржи интерпелацијата. Координаторот на пратеничката група, Мицевски потенцираше дека, настрана суштинските разлики што постојат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, нивната заложба за бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал останува цврста и доследна.

Институциите, во соработка со обвинителството, со години молчеа пред огромните скандали, голем дел предизвикани од врвот на СДС и ДУИ, што ѝ се добро познати на јавноста. Тие случаи не се и не смеат да бидат заборавени – туку тие се и денес отворена рана на ова општество. А јавното обвинителство остана рамнодушно и пасивно пред тие извори на неправда. Токму затоа сметаме дека дадената шанса за Љупчо Коцевски е веќе потрошена. Поддршката што тој ја доби не ја оправда. Наместо реформа и интегритет – добивме молк и сервилност кон власта што беше поразена од народот. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата.
СДСМ иако држеше прес конференции во кои обвинуваше за селективна истрага за случајот со Кочани, што го водеше Коцевски – сега тактички се повлекува. Уште на почетокот на седницата социјалдемократите најавија дека нема да гласаат.
-Интерпелацијата во принцип значи барање политичка одговорност а овде зборуваме за човек од третата власт. Третата власт или судската власт која по Устав треба да биде независна. Тоа од една страна. Од втора страна тоа може но и не мора да има правни последици. Дали ќе има правни последици зависи од самиот обвинител, од самиот функционер. Во овој случај од самиот обвинител, дали ќе поднесе оставка или не, изјави Јован Митрески од СДСМ.
Инаку, Коцевски во писмениот допис што го испрати минатата недела како одговор на барањето за интерпелација, тврди дека за неговата функција не важи интструментот интрепелација, слично како што се вадеа и 5-те члена на судскуиот совет кој уште си работ и покрај тоа што им е изгласана недоверба. Сега, еднинствен начин да се смени обвинителот, освен оставка, која засега нема намера да ја поднесе, е да се реактивра барањето на владата за негово разрешување.
