Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

По дебаклот на изборите и оставките, Филипче најавува кадровски промени во СДСМ

По дебаклот на изборите и оставките во СДСМ, Филипче ќе прави кадровски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По дебаклот на изборите и оставките во СДСМ, Филипче ќе прави кадровски промени.  Кандидатот за градоначалник но оштина Аеродром, Александар Трајановски, ќе биде нов потпретседател на партијата. Според партискиот лидер  тој е правиот избор за оваа функција, образложувајќи дека Трајановски е исклучително посветен на партијата и имал одлична кампања на изборите. Останатите кадровски и политички промени во СДСМ ќе бидат соопштени вечерва на Извршниот одбор.

По јавните превирања и критики, Филипче тврди дека во СДСМ нема раскол. Во прозивските од Фрчковски и Пендаровски не гледа ништо спорно, напротив вели помагале во процесот.

-Тоа што излегува на социјалните мрежи, го демантирам. Нема никакво раслојување. Навистина има единство со сите луѓе и овие што ги спомнавте. Сите помагаат во процесот како што беше и претходно. Во тој манир ќе продолжиме и понатаму, рече Филипче.

Реклама

Инаку, Александар Трајановски беше кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром, и во двата изборни круга ја изгуби битката за прв човек на општината. Тој е специјализиран ортопед и трауматолог, поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија.

Оваа промена доаѓа по оставката на потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, која беше поднесена во очи на вториот круг од локалните избори.