Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

По 18-ти пат во Прилеп се одржа Божикниот ручек за над 400 деца од државава, а во организација на ДА „За сите деца во светот“

Сака да има меѓусебно почитување, да нема дискриминација и насилна комуникација, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сака да има меѓусебно почитување, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, но и да има љубов, еднаковост и мир помеѓу децата, во Прилеп се одржа традиционалниот Божикен ручек за над 400 деца од цела Македонија. Славењето на Христовото раѓање, на овој начин, во организација на ДА „За сите деца во светот“, трае веќе 18 години, а гости се деца од ранливи категории.

  • „Децата му се особени мили на Бога, бидејќи и самиот тој најпрвин бил дете. И ние, како возрасни треба да учиме од нив , оти тие се најчистите и најискрените божји созданија“, порача владиката Петар кој ја благослови празничната трпеза.
  • „Со раѓањето на Синот Божји во темната пештера која ја осветли и освети Бог, Христос Спасителот таму каде што ангелите пееа песна „Слава на Бога во висините, а на Земјата мир и меѓу луѓето добра волја и бешесоздадено светото семејство. Ете, по тој принцип и во тој дух и Ние денеска сме тука на ова поголемо семејство од собрани дечиња“, – кажа митрополитот г. Петар. ЛС од Прилеп, како и секогаш досега, овој богоугоден чин го поддржа со доделување на новогодишни колетчиња за сите присутни мали гости.
  • „Божик е празник на љубовта и хуманоста. Треба да помогнеме сите и во овие денови организитаме и неколку хуманитарни акции се’ со цел да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
  • „Морам да кажам дека еуфоријата не’ понесе. Ова е 18-ти Божикен ручек, традицијата профолжува и се надевам дека ќе остане наследство на нашите поколенија. Имаме гости од Струмица, Тетово, од Куманово, нашите гостинчиња од Прилеп, од Крушево, од Битола. Среќни сме што денеска на заедничка трпеза ќе седнат дечиња од разни целни групи“, – посочи Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада „За сите деца од светот“.

Годинава, највисокото меѓународно признание „Ореден за носител на мирот“ и’ беше доделено на Компанијата „Прилепска Пиварница“.

Каролина Дурло

Реклама