Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Плинот поевтинува за 5 денари по литар

Плинот поевтинува за 5 денари по литар. Од досегашните 59 на 54…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Плинот поевтинува за 5 денари по литар. Од досегашните 59 на 54 денари, што според Владата е резултат на конкретни мерки за стабилизирање на пазарот.

Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар ,истакна Митева.

Владините проценки се дека намалувањето веќе се рефлектира и кај останатите бизниси на пазарот. Ова намалување не е резултат на моментална пазарна состојба, туку на анализа на Државниот пазарен инспекторат и договор со трговците за намалување на бруто маржите.

Реклама

Ова намалување не е резултат на краткорочна пазарна случајност, туку е резултат на анализа од страна на ДПИ и преку договор и преземена одговорност од страна на трговците, за намалување на бруто маржите. Постигнавме согласност овие маржи да бидат намалени и да се задржат на тоа ниво и во наредниот период, да немаме осцилации коишто сега ќе ги имаме, оваа недела кон намалување, а следната би имале зголемување, што значи дека за повеќе од 10% во трговијата на големо и за 9 до 10% во малопродажба ќе имаме намалување. – рече Митева.

Претходно , Владата донесе и сет мерки како намалување на ДДВ и акцизата на горивата, како дел од поширок пакет за ублажување на ценовниот притисок.Исто така најголемиот снабдувач со нафтени деривати ОКТА овозможи попуст до 3 денари по литар до крајот на април за горивата. Поддршка за земјоделците беше овозможена и преку огранчување на маржите за трговците кои увезуваат ѓубриво од странство. Според ММФ Македонија на трето место по обемот на преземени мерки за помош на граѓаните и бизнисот.