Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Платежната агенција започнува со исплата на заостанатите обврски кон сточарите за годините до 2025

Платежната агенција ги изготви налозите и веќе ги достави до Трезорот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платежната агенција ги изготви налозите и веќе ги достави до Трезорот за исплата на заостанатите обврски кон сточарите за 2022, 2023 и 2024 година. По расчистувањето на овие стари сметки, ќе се пристапи и кон исплата на 2025 година. На располагање во буџетот има околу една милијарда денари, за кои новата директорка на Агенцијата уверува дека ќе бидат доволни за сите сточари да бидат исплатени. Најпроблематична е извесна мерка од 2024 година, која и го предизвикала застојот во исплатите. Со новата Програма за 2026 година, се очекува тоа да се надмине и конечно субвенционирањето во оваа гранка да започне да се врши редовно.

„Задоцнетата исплата рефлектира – во 2026 не може да се креира мерка за 2024 година. Имаме буквално луѓе, што не е коректно и не е поволна мерката, и од сите анализи што ги направивме – да не оствари некој право за 2, 3 или 5 јагниња кои што ги нема предадено, сигурно не бил свесен дека за толку нема да исполни услов или критериум, инаку ќе ги предадел. А финансиската поддршка од 1.400 денари по грло е висока да може да му ја покрие на сточарот загубата со која се соочува. Од околу 2.200 апликации што ги имаме, само 800 луѓе го исполниле овој услов“, изјави Даниела Иротова-Лазарева, в.д. директорка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделците.

Сточарите, пак, со нетрпение ги очекуваат овие средства и притоа алармираат на рапидното намалување на бројот на овци во земјава, кој од некогашните 2,5 милиони сега е паднат едвај на 250.000 глави овци. Тие бараат исплата на сите заостанати субвенции, регулирање на откупот на јагнињата, откупните цени да се зголемат од сегашните 230 на најмалку 300 денари по килограм жива мера, како и точна презентација на новата Програма за престојнава година.

Реклама

„Откупот е тежок, не ги земаат кланиците, дали некои финти се во прашање, не знаеме. Чекаат пет до дванаесет да ни ги земат поевтини јагнињата. Многу е намален сточниот фонд, јас мислам дека ни 200.000 овци нема“, вели Марјан Стојаноски, сточар од с. Новоселани.

„Половина од сточарите не ги исполнија мерките и тие останаа без ниту еден денар оваа година. Битно е да им се овозможи на сточарите да се вратат повторно во живот, да се субвенционира сега, оти тие останаа без пари, некаде половината веќе“, рече Боби Бошевски, сточар од Битолско.

На денешната средба со директорката на Агенцијата, која беше на барање на сточарите, освен што беше презентирана новата Програма, беше истакнато дека најдоцна до јуни ќе бидат исплатени и платите за овчарите за 2025 година.