Реклама

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Привремено „смирување“ на депонијата Буково со земја и механизација, сè до изградбата на регионалната „Новаци“

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Македонија

Пикот ќе стигне, ама којзнае дали и респираторите?

Нова најава за респираторите што требаше веќе да бидат во земјава на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова најава за респираторите што требаше веќе да бидат во земјава на крајот на мината недеала.Новото ветување е тековнава недела. И покрај ова, министерот Филипче убедува дека засега доста ни биле и оние респиратори кои ги имаме.

“Две компании ги исполнија условите за да донесат респиратори за максимум 30 дена. При што едната компанија за шест респиратори имаше дадео рок од една недела и тој рок треба да истече оваа недела.Дополнителни дваесет за 30 дена, и втората компанија пет респиратори – значи вкупно 31. – кажа денеска министерот Венко Филипче.

 “Од девет економски оператори два ги задоволија усовите за рокот и критериумите. Еден дел од респираторите ќе стигнат за седум дена, а другите од вкупно 31 во текот на слeдните 30 дена и со ова значително ќе го подобриме моменталниот капацитет на ресираторните машини” – кажа Филипче на средина на месецот.

Реклама

Ќе стигнат ли респираторите откако корона вирусот ќе помине ? Ако судиме според досегашните ветувања на министерот  Филипче, граѓаните сами можат да заклучат.

Драмата околу набавката на респиратори започна кон средината на март каде само за неколку дена Филипче даде неколку контрадикторни изјави.

Пикот на корона вирусот  пристигнува крајот на месецов барем според најавите на власта, ама којзнае дали и респираторите ? Една тура се чекаше да се одглави од депо во Турција што според вицепремиерот Османи ги купивме со норвешка донација, ама и од тоа се ретерираше. Како што рече Османи Турција си ги задржала за себе.

 

Ања Василева