Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Петти национален конгрес по оториноларингологија и хирургија на глава и врат со меѓународно учество

– Петти национален конгрес по оториноларингологија и хирургија на глава и врат со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Петти национален конгрес по оториноларингологија и хирургија на глава и врат со меѓународно учество почнува денеска во Скопје и ќе трае до 14 ноември.

Реномирани професори, лекари и експерти од САД, Турција, Србија, Бугарија, Хрватска, Албанија и Црна Гора, заедно со истакнати специјалисти и универзитетски професори од државава ќе имаат можност за размена на знаења и искуства, како и за идни заеднички проекти, професионална соработка и дополнителна едукација. Во рамки на когресот ќе се одржат предавања, стручни дискусии, тематски сесии, симпозиуми и презентации на научни трудови. Програмата опфаќа широк спектар современи теми: заболувања и хирургија на уво, аудиологија и кохлеарна имплантација, ринологија и алергологија, ларингологија, хирургија на глава и врат, заболувања на тироидната жлезда, како и нарушувања на спиењето поврзани со нашата специјалност.

Ќе се разговара за нови дијагностички пристапи, современи оперативни техники, сложени клинички случаи и можностите научните сознанија да се применат во секојдневната клиничка практика, информираат од Универзитетската клиника за уво, нос и грло, која е организатор на конгресот.

Реклама

Значајно место во конгресната програма, како што се посочува, имаат и младите лекари, специјализантите и истражувачите.

Преку нивните презентации и непосредниот контакт со искусни експерти, сакаме да ја поттикнеме следната генерација оториноларинголози да истражува, да поставува прашања и активно да учествува во развојот на нашата струка. Нашата заедничка цел е унапредување на квалитетот на дијагностиката и лекувањето, во чекор со современите меѓународни стандарди. Со конгресот испраќаме јасна порака дека македонската оториноларингологија има капацитет да биде активен дел од меѓународната научна и професионална заедница, наведуваат од Клиниката за уво, нос и грло.