Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Петрушевски: Владата на СДСМ дозволила одгледување медицински канабис на отворено

Владата на СДСМ во 2023 година донела измени на правилникот за одгледување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на СДСМ во 2023 година донела измени на правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кој е во спротивност со законот што го регулира ова прашање, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во член 2 на овој правилник СДСМ си додал дека канабис може да се одгледува на отворен простор (површина или земјиште), а во постојниот закон и во стариот правилник јасно е утврдено дека канабис за медицински цели може да се одгледува само на затворен простор.

Со овој подзаконски акт владата на СДСМ дозволи марихуана за наводни медицински цели да се произведува на нива. Вака произведениот цвет од канабис не ги задоволува ГМП-нормите, што значи дека во понатамошниот процес на производство и екстракција маслото од канабис не може да биде ниту лиценцирано ниту да се најде во промет за медицински цели за тешко болните пациенти.

Реклама

Овие измени на правилникот не се случајни, туку тие се направени со умисла затоа што владата на СДСМ, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче, е позната по бизнисот со марихуана.

Сите паметиме кога во 2020 година Заев и Филипче сакаа да донесат закон за целосна легализација на марихуаната, со што Македонија сакаа да ја направат светска туристичка дестинација за уживателите на марихуаната. Кога ова не им успеа, се дадоа на масовно издавање лиценци за медицински канабис на лица блиски до кланот Заеви и до Филипче, со што драстично се зголеми бројот на лиценцирани компании во струмичкиот крај.

Сомнежите и индициите за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче, како што е заплената на 30 тони марихуана од фирма во струмичко Ново Село, во сопственост на човек близок на Заев и Филипче, поранешен функционер на СДСМ.

Наместо да молчат, ги повикуваме да одговорат дали свесно со умисла и по нивна насока се направени измените на правилникот, кој е во спротивност со Законот за медицинската марихуана, со крајна цел продавање на канабисот на црниот пазар?

Дали поради ова е паниката кај Заев и Филипче, која резултира со нејасни реакции и итни упатувања кон Грција за одржување меѓусебна средба и координација?

Во следниот период ќе бидат испитани сите фирми со лиценца за медицински канабис. Оној што работи во согласност со законот ќе продолжи нормално да функционира, а оној што работи нелегално, ќе одговара.

Ред и одговорност мора да има! ЈО да почне со работа и овие сомнежи и индиции да ги истражи до крај.