Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Петрушевски: Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па затоа добил ауди Q8?

Венко Филипче да каже што друго освен луксузното Ауди Q8 има како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче да каже што друго освен луксузното Ауди Q8 има како профит од тендерите со јаглен во ЕСМ од фирмите на Вице Заев и Енис Колашинац? Праша на денешната прес-конференција пратеникот, Бране Петрушевски.

Венко Филипче да каже која е неговата улога во тендерите со јаглен, па е награден со луксузно ауди? Венко Филипче и СДСМ не можат да молчат особено што фирмата на Вице Заев во Бугарија, Гомасидра, која инкасирала 9 милиони евра од јагленот, се наоѓа на иста адреса како и неговата фирма „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd). Венко Филипче и Вице Заев делат ист канцелариски простор, на нивните фирми во Бугарија, на иста адреса се наоѓаат и редица фирми на Заев. Очигледно е дека фирмите на Заеви и Филипче во Бугарија се испреплетени, а парите помеѓу нив се во ист двор. Очекуваме ЈО да реагира и отвори случај за Венко Филипче, а за тоа има пред сè две многу силни причини: Прво, фирмата добитник на државен тендер за испорака на јаглен, му купила луксузен џип ауди Q8 од 130 илјади евра. И под два, милиони од тој тендер завршиле на сметка на фирма на Вице Заев во Бугарија со иста канцеларија со фирмата на Венко Филипче, истакна Петрушевски.

Очекуваме ЈО да отвори истрага, одговорност мора да има, додаде Петрушевски.