Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Македонија

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски: „СДСМ влегува во сериозно смислено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски:

„СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и на кого му се заканува дебакл на локалните избори.

Вчера јавноста беше сведок на почетокот на планот на Филипче, кој е правен пред месец дена во Дубаи, на средба со Заев. Тоа е периодот кога кажавме дека Венко Филипче шест дена беше тајно во Дубаи.

Реклама

Советникот на Филипче, Аки Акиов кој вчера повреди вработена во општина Кочани и физички се закануваше на советници, е човек од најголема доверба на Зоран Заев.

Еве фотографија од советникот на Филипче, тепачот од Кочани и Зоран Заев.

Да го погледнеме видеото како советникот на Филилче, удри жена, најјак работник.

Ова ли е иднината која ја нуди Венко Филипче? Тепање и страв?

Ова е добро позната тактика на Заев, која сега ја применува Филипче, а тоа е внесување на страв и паника кај народот од локални тепачи, кои се закануваат и сеат страв.

Филипче дословно го спроведува планот на Заев, а како дел од истиот е и декларативното осудување на настанот.

Наместо лицемерни пораки, еве го предизвикуваме Филипче да побара неговиот тепач од Кочани, Акиов да си поднесе оставка од советот во Кочани и јавно да се огради лично тој.

СДСМ сака да направо хаос во Кочани, каде локални силеџии ќе го плашат народот и држат во грч.

Ова семе на злото кое беше посеано вчера во Кочани, има за цел да покрене лавина на насилие. А како масло на огнот се секојдневните прес-конференции на кои се шират лаги и се лиферуваат пораки на омраза и етикетирање.

СДСМ се прочитани, а нивниот план е исечен во корен. Филипче е разоткриен.“