Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Петрушевски: ССМ во минатото молчеа за зголемување на минималната плата, а сега глумат загриженост за работничките права

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на гостување на една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на гостување на една од националните телевизии дискутираше за актуелната тема и барањата од страна на Сојузот на синдикатите за зголемувањето на минималната плата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали треба повисоки плати, да меѓутоа дали е решението ова, се сомневам, затоа што никогаш во Македонија не се носат еднострано одлуки. Во 2020 година минималната плата била 14.500 денари, инфлација 1,2%, во 2021, 15.194, 3,2% инфлација, само 644 минимален раст на плата, во 2022 кога постигнуваат договор синдикатот и работодавачите да се измени Законот за минимална плата и да се утврди фиксен износ од 18.000 денари беше презентирано како системско решение коешто ги штити работниците од волјата на Владата. Во 2023 имаме минимална плата зголемена 2.175, во 2024 инфлација од 14,2%, во 2025 да ја стабилизираме инфлацијата на 4,1% и да се зголеми минималната плата“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека не треба да се води политика на популизам од страна на синдикатот и опозицијата, истакнувајќи дека тие сега глумат загриженост за работниците, а во минатото молчеле и не барале зголемување на минималната плата.

Реклама

„Сега од еднаш на овој синдикат, на оваа опозиција која кога била на власт не и пречела ова двоцифрена инфлација, тогаш не беа загрижени за работниците и минималната плата и за нивниот достоинствен живот, сите молчеа за да од еднаш сега се разбудат од сон и овој синдикат да бара зголемување на минималната плата од 15,103 денари или 61,91%. Меѓутоа, да не водиме политика на популизам и да не ги замајуваме граѓаните дека со законско решение ќе му наложиме на некој да исплаќа плати, ќе ја доведеме ситуацијата да повторно ни се враќаат плати коишто ќе се враќаат од страна на работниците, да повторно се зголемува сивата економија, да се отпуштаат работници“, дециден е Петрушевски.