Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на д-р Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сведоштвата на д-р Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но, за нас тие не се изненадување, рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но, за нас тие не се изненадување.

Подолг период укажуваме дека ова криминално дуо Заев-Филипче, мора да одговара за своите постапки. Речиси секојдневно излегуваат нови сведоштва, признанија и сериозни сомнежи за начинот на кој функционирале додека ја воделе државата. 

Реклама

Покрај златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија, Филипче и Заев во време на КОВИД пандемијата, ја зграпчиле можноста да му ја преземат болницата Жан Митрев, од истоимениот сопственик.

Начинот на кој Заев и Филипче биле спремни да ја земат болницата, во ек на пандемија и вонредна состојба во државата е вистински мафијашки модел на дејствување.

Според изјавите на др. Жан Митрев, Заев и Филипче рекле дека тие ќе ја одредат вредноста за откуп на уделите во болницата, а за возврат ќе му помогнат во судскиот процес. Дали ова е моделот по кој Филипче сака да ја води Македонија доколку повторно дојде на власт? Дали по сите сомнежи и афери што се врзуваат за неговото име, тој мисли дека се уште има кредибилитет да биде дел од политичката сцена?

Наместо да поднесе оставка и да ја препушти СДСМ на чесни и млади луѓе, Филипче ја држи фотелјата на Заев и продолжува да работи по негови насоки.

Ете почитувани, како СДСМ, со Заев и Филипче ја водеше државата. Со притисоци, закани, уцени и криминал. Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот!