Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата „Жан Митрев“ е доказ како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Случајот со планот за насилно преземање на болницата „Жан Митрев“ е доказ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со планот за насилно преземање на болницата „Жан Митрев“ е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче како министер за здравство и Заев како премиер ја искористувале државата за свои интереси, со тоа што преку ФЗО ја зголемиле сумата што ја добива болницата од државата.

Од моментот кога доаѓаат на власт, за само три години, од 2017 до 2020 година, Филипче и Заев ја зголемиле сумата за болницата „Жан Митрев“ во вредност од над 320 милиони денари, или речиси 5 милиони евра државни пари од ФЗО. Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиона денари.

Реклама

Намерите на Филипче и Заев биле далеку од чесни, а доказ за тоа е сведоштвото на д-р Жан Митрев, кој јасно кажа дека преку притисоци и уцени овие двајца сакале да му ја одземат болницата за далеку пониска цена од пазарната.

Филипче и Заев не се штеделе и не бирале средства за да ги задоволат своите апетити. Ургирања во судството и Обвинителството, искористување на ФЗО, и најважно, злоупотреба на парите на граѓаните за приватни интереси. 

ЈО да го истражи случајот, правда мора да има!