Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Петрушевски: СДСМ и Филипче, преку Костадинов се закануваат на новинари, сакаат да ги исплашат и да внесат несигурност

И 15 часа по скандалозната крвна закана на Костадин Костадинов кон новинар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И 15 часа по скандалозната крвна закана на Костадин Костадинов кон новинар СДСМ молчи. Ова е личен избор на Венко Филипче, тоа е негов градоначалник и партиски функционер, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов јавно се закани и повика на крвна освета кон новинар. Филипче молчи и одобрува. Костадинов упати продолжена закана по животот на новинарот, потенцирајќи дека врз него ќе биде извршена освета со тешки последици по неговиот живот. Пораката на СДСМ преку Костадинов има за цел да внесе траен страв кај новинарот, цитирам: ,,Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.” Тој продолжува и вели: ,,Ова што го направи ќе го носиш како клетва. Ќе ти стои зад секоја реченица. Ќе те демне по секој агол. Ќе ти дојде кога најмалку очекуваш.” СДСМ и Филипче преку Костадинов имаат за цел трајно да го исплашат новинарот и кај него да внесат постојана несигурност. Овој новинар не е цел сам по себе. Ова е тактика на СДСМ и Филипче за заплашување на новинарите, да не смеат да бидат критички кон нив. На оваа закана не смее да се молчи. Ги повикуваме СДСМ јавно да се оградат и да го осудат Костадинов, во спротивно ќе докажат дека нападот врз новинарите е нивна партиска политика. Дополнително ги повикуваме медиумските здруженија да го осудат истиот. А воедно, упатуваме апел до ЈО да го повика Костадинов и да го праша дали и како планира да ја изврши осветата, за која сам пишува дека е од траен карактер, а потоа и да поведе постапка против него, истакна Петрушевски.

Оваа закана не смее да помине. Ако општеството потклекне под оваа закана на Костадинов се става во траен ризик од губење на сите стандради и норми, додава Петрушевски.