Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Петрушевски поднесе претставка до Судски Совет: За судија која се дрзна да осуди пратеник не треба да има место

Судијата Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против праксата која што ја имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијата Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против праксата која што ја имаат домашните но и судот за Човекови права во Стразбур, осуди пратеник за искажан збор од говорница. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски поднесе претставка до Судскиот Совет, кој според него треба сериозно да ја разгледа, бидејќи местото на вакви судии не им е во македонските судови.

  • „Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите коишто ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија“, рече Петрушевски.

Пратеникот треба да плати 150 000 денари, оти на неговото работно место, Собранието, каде што пратениците си ги кажуваат своите ставови и имаат пратенички имунитет, изразуваат сомнежи, кажал нешто кое го повредило неговиот колега Мартин Костовски од редовите на СДСМ, кој потоа поднесе тужба.

Адвокатот на Петрушевски, Панче Тошковски во изјава за Алфа беше дециден дека оваа пресуда е срам за македонското судство бидејќи пратениците уживаат заштита од Уставот и законите за ставовите кажани на собраниска говорница.

Реклама
  • „Оваа пресуда е прва пресуда во РМ, каде што судот констатира дека пратеник може да одговара за искажано мислење, збор, во рамки на неговото работење во Собранието. Оваа пресуда е спротивна на одредбите на Уставот на РМ, со кои се дефинира дека пратениците уживаат материјален имунитет за искажано мислење. Оваа пресуда е спторивна на сите пресуди кои досега сум ги разгледувал, а кои се донесени од страна на ЕСЧП и се во контекст на уживање на имунитет на народните избраници во рамки на парламентите во рамки на ЕУ. Оваа пресуда е спротивна на духот на демократијата“, вели Панче Тошковски – адвокат на тужениот.

Тужитетелот пак, тврди дека Петрушевски не бил осуден затоа што е пратеник на опозиција и за да се замолчи, туку затоа што зборувал невистини.