Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Петрушевски: Филипче служејќи му на Заев го блокира патот на Македонија за ЕУ

Венко Филипче, очигледно, доби сила откако газдата, Зоран Заев му се појави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, очигледно, доби сила откако газдата, Зоран Заев му се појави на Бихаќка и повторно се засили да држи пресови и да си игра и портпарол, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче ретерираше од ставот, поточно заканите што ги кажа пратеникот Митко Трајчулески, дека ќе излегле од Собрание ако се укинела техничката влада. Ретерирањето е, можеби, една работа за која можеме да кажеме дека е добра, затоа што СДСM се враќа на изворната идеја за укинување на техничка влада.

Но, има еден јасен факт, а тоа е дека Филипче и СДСM никако да се придвижат во насока да направат нешто добро за Македонија. Во нивниот речник нема ништо добро за Македонија. Се противат на се што е напредно, реформско.

Реклама

Актуелното раководство знае само да му служи на Заев, а никако на Македонија. А, служејќи му на Заев се покажува дека тие поддржуваат корупција, криминал, национални предавства. Заев е лик кој наместо на СДСM да и мисли добро, му дава насоки на Филипче да ја става партијата во служба на туѓи политички агенди.

Филипче треба да се освести и да разбере дека служејќи му на Заев тој ја блокира Македонија.

И наместо нова енергија и визија во СДСM, јавноста гледа како Филипче со неколкумина ликови ја продолжува истата онаа стара матрица на уназадување. Не може човек како Филипче, кој ја води СДСM кон распад, да се грижи за европски пат на Македонија.