Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Петрушевски: Филипче однапред капитулира пред Бугарија и ја подготвува македонската јавност за нови национални отстапки ако дојде на власт

Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се негираат македонскиот јазик, историја и идентитет, Венко Филипче не гледа никаков проблем. Наместо да застане во одбрана на македонските национални позиции, тој ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Филипче не преговара, не бара гаранции и не поставува црвени линии. Напротив, тој уште пред да добие каква било одговорност од граѓаните испраќа порака дека е подготвен да ги прифати условите кои Македонија со години ги одбива како неправедни и понижувачки.

Тоа е однапред прифатен пораз.

Реклама

Истата политика ја водеше и Зоран Заев. Прво ги убедуваше граѓаните дека нема опасност, а потоа следуваа отстапките. Денес Филипче ја повторува истата матрица, прво ги релативизира бугарските барања, а потоа ќе бара оправдување за нивно прифаќање.

Затоа Филипче е политичко продолжение на Заев, кој е подготвен да оди и чекор подалеку доколку тоа му отвори пат до власт.

Македонските граѓани не бараат политичари кои однапред капитулираат и ги прифаќаат туѓите диктати. Бараат политичари кои ќе знаат да ги бранат државните и националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи враќање на политиките на попуштање, понижување и национални отстапки. Македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не се предмет на преговори и политичко пазарење.