Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР

Пукна балонот на лаги и манипулации на СДС во врска со истрагата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пукна балонот на лаги и манипулации на СДС во врска со истрагата за несреќата во Кочани. Сите може да видат дека институциите постапуваат професионално и неселективно. Лаги и манипулации се сите тврдења дека институциите постапуваат по притисок на опозицијата, невешти ПР обиди на СДСM да ќари некој политички поен, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Потенцираме дека МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец. Сите преземени акции од ЈО до сега, сега и од сега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедиле МВР. МВР предаде обемна документација во ЈО, и никој не е поштеден. Задача на ЈО е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека според правната логика е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани, рече тој.

Петрушевски посочи дека ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата.

Реклама

-Нашиот правен систем е акузаторен, систем во кој МВР и другите органи се база за информации за ЈО, а ЈО е тоа кое мора да ја изгради теоријата на случајот. Потенцираме дека МВР на ЈО му доставило преобемна документација и дека со оглед на тоа очекуваме дејствија по однос на истата да има и во иднина. Постапување по доказите од МВР откако истите се предадени, и преземање на било какви дејствија е обврска единствено на ЈО. Колку е сериозен обемот на документацијата покажува и фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од Министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина. А сега да прашаме, колку лица беа опфатени во истрагата за Модуларната болница? 0. Колку беа во Беса транс и Ласкарци? 0. Е сега тоа е разликата од МВР сега и од МВР кога СДСM беше на власт. Одговорност има за секој, без разлика кој е и од каде е, заклучи пратеникот.