Реклама
Македонија

🎥 Петрушевски: Ако на некого не му е јасно зошто истрагата за Кочани е таму каде што е, нека ги праша СДСМ и главниот обвинител Љупчо Коцевски

СДСМ и ДУИ се соголија. Паднаа маските. Покажаа дека тие стојат зад…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ се соголија. Паднаа маските. Покажаа дека тие стојат зад главниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто во него гледаат единствена сламка за спас од кривична одговорност за сторените криминали, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ се единствениот спас за главниот обвинител Коцевски, и сега на секој му е совршено јасно зошто обвинителството нема еден случај против висок функционер од минатата власт.

Со гумата за спасување која СДСМ и ДУИ му ја фрлија на главниот обвинител Коцевски паѓаат во вода сите оние тиради од прес конференции за Кочани, лажните повици, хушкања за Кочани каде лажно велеа дека бараат правда.

Реклама

Кога следен пат ќе сакаат да држат прес-конференција за Кочани, треба да се потсетат дека истиот предмет го води главниот обвинител Коцевски и нема потреба да повикуваат јавно, нека си го прашаат лично него. А ако мислат дека ќе ја манипулираат јавноста после ова, им порачуваме дека дебело се лажат. Прочитани сте, потенцира Петрушевски.

А, главниот обвинител Коцевски треба да знае дека со секој ден поминат без легитимитет му се урнисува и така урнисаниот углед. Очекуваме истиот да покаже доблест и да се поднесе оставка, изјави пратеникот Бране Петрушевски.