Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Петровска: Отсуството на дебата за претходните резултати придонесоа за сегашниот пораз

СДСМ се движи кон политички крах и доколку не се разбуди од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ се движи кон политички крах и доколку не се разбуди од летаргијата што со години се трупа во партијата се повеќе и повеќе ќе ја губи довербата на гласачите и симпатизерите. 126,000 гласови, шест освоени општини на локалните избори. Парламентарните и претседателските лани, беа предвесник за ова, но како никој да не помрдна со прст, да ги поправи внатрепартиските слабости и недостигот на реформи.

Пратеничката Славјанка Петровска предупредува дека ова е најтешкиот изборен пораз и не треба да се остави на случајност. Според неа, долго време се избегнувала вистинска дебата и затоа причините за падот се комплексни – слаба организација, демотивирано членство, површни анализи…Порчаува дека Венко Филипче мора итно да понуди кредибилен план за извлекување од ваквата состојба, бидејќи силна и функционална опозиција е неопходна за државата.

Мислам дека отсуството на вистинска дебата за овие изборни резултати претходно дополнително се разбира со приликите во државата, мислам дека допринесоа за ваков пораз. Тие анализи, јас за да ги сметам за анализи мора да бидат во пишана форма и мора да бидат усвоени од органите на на партијата, телата на партијата. За жал, имавме еден Конгрес кој се одложи, зборувам за минатата година. Негов епилог немаше, значи никој не дискутираше иако извештај формално беше поднесен, меѓутоа дискусија немаше и мислам дека дека таквото однесување или третирање на на еден изборен резултат не смее да се повтори и оваа година, вели Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ во интервју за РСЕ.

Реклама

За се поголемиот притисок за одговорност, но и прашањето за евентуална оставка на Филипче, Петровска вели дека опстанокот и функционирањето на СДСМ не смее да се врзува за една личност, бидејќи партијата може да се врати на победничката патека само со тим кој има капацитет, знаење и визија. Во однос на внатрешните тензии, и оставката на потпретедателката Чупеска која зборуваше за судир на различни концепти, вели, тоа треба да се образложи пред Централниот одбор, а не преку соопштенија.

Па мислам дека претседателот актуелен има сериозна задача и сериозен предизвик, а тоа е освен овие анализи и дискусии, се разбира дека ќе треба да понуди предлог, платформа или како и да се нарече, начин на којшто СДСМ ќе излезе од оваа ситуација, не би рекла дека е поволна и не би рекла дека е добра од две причини. Јас прашањето за опстанокот, функционирањето на СДСМ не би го врзувала само со една личност. Мислам дека е многу важно после овој изборен пораз и после сите анализи, дискусии, дебати коишто ќе се направат, СДСМ да излезе со тим на луѓе кои ќе знаат како да ја вратат СДСМ на победничката патека, додава Петровска.

По изборниот пораз покрај оставката на Чупеска се повлекоа и Ѓорѓи Галетановски, претседател на градската организација, Костадин Ацевски претседател на општинската организација Ѓорче Петров… Несогласувањата во СДСМ избија на површина уште летото, кога Костадин Костадинов, сега поранешен градоначалник на Струмица го замрзна своето членство и упатуваше силни критики за случувањата во партијата.

Кон крајот на неделава се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на која за потпретседател беше поставен Александар Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник на скопски Аеродром. Со ова лидерот Филипче ги најави кадровските освежувања како дел од реформите кои ќе ги спроведува СДСМ.