Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Перински во Крива Паланка: Со регионална соработка до нов урбан зелен парк за граѓаните

Министерството за локална самоуправа продолжува со успешното спроведување на ИПА програмите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за локална самоуправа продолжува со успешното спроведување на ИПА програмите за прекугранична соработка, кои значајно придонесуваат за развојот на локалните заедници во повеќе области. Во рамките на овие програми, во тек е успешната реализација на проектот „Паркови“, со соседна Бугарија, кој има за цел подобрување на урбаниот биодиверзитет и квалитетот на живот во Крива Паланка и бугарската Општина Дупница преку креирање и промоција на еко-пријателски зелени паркови и површини.

Во рамките на проектот, во близина на градскиот зелен пазар во Крива Паланка се уредува површина од 2000 метри квадратни, која ќе вклучува шест зелени острови, детски игралишта и други содржини за зајакнување на еколошката свест и подобрување на квалитетот на животната средина.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска заедно со градоначалникот Сашко Митовски, извршија увид на градежните работи на паркот и оценија дека проектот се реализира со предвидената динамика, при што ја истакнаа важноста на регионалната соработка преку ИПА програмите, кои имаат директен позитивен ефект на животните услови на граѓаните и за развојот на поодржливи и еколошки свесни заедници.

Реклама

Во рамки на „Паркови“ освен хортикултурните содржини, ќе се изработи и зелен катастар, поставени се и сензори за мерење на квалитетот на воздухот во Крива Паланка, а ќе се организираат и „Зелени денови во регионот“ за размена на искуства и обука за локалното население од двете општини во насока на зајакнување на еколошката свест.

-Концептот на „зелена инфраструктура“ е релативно нов и затоа посветуваме особено внимание на неговото промовирање и вложуваме во решенија кои подоцна може да се реплицираат, посочи Перински, кој при денешната посета на Крива Паланка, одржа и работна средба со градоначалникот Митовски и членовите на Општинскиот совет, како дел од иницијативата „Каде што срцето е дома“.

На средбата, разговараа за тековните проекти на општината и за реформскиот процес на Законот за локална самоуправа кој ќе донесе значајни придобивки за општините и за граѓаните. Министерот ја нагласи и поддршката на Владата за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата во општините, а како пример за тоа, беше спомнат проектот за поставување монтажна катна гаража во Крива Паланка, која ќе го реши проблемот со паркирањето во централното градско подрачје. На вториот владин повик, Општина Крива Паланка поднесе пет апликации во насока на подобрување на инфраструктурата.

Министерот Перински истакна дека Владата продолжува со поддршката на сите општини со цел подобрување на инфраструктурата што ќе создаде услови за подобар квалитет на живот за сите граѓани и развој на локалните заедници.