Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Перински: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на претстојните избори

Како што ќе се ближиме до датумот на локалните избори се повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како што ќе се ближиме до датумот на локалните избори се повеќе ќе се заоструваат реториките, но ако имаме успешно оценет и спроведен изборен процес не би требало да има агрументи од ниту една политичка номенклатура да не ги прифати резултатите од изборите. Сите анкети досега покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и постојат шанси да добие градоначалник во речиси секој град, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Златко Перински, осврнувајќи се на тоа дали можеби очекува некој политички субјект да не ги признае резултатите од престојните локални избори.

За тоа дали жали што тој не е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, со оглед на тоа што беше во посетниот избор, Перински истакна дека тој е дел од Владата и тоа и ќе остане. Неговите активности во таа смисла не се стопирале додека траеле внатрепартиските номинации и нагласи дека навистина му е драго што ВМРО-ДПМНЕ има квалитетен кандидат како Орце Ѓорѓиевски.

-Навистина ми е драго што ВМРО-ДПМНЕ има многу квалитетен кандидат, Орце Ѓорѓиевски, кој е докажан и искусен во рамки на својата општина и ќе има голем исчекор во водењето на градот, рече Перински. 

Реклама

Министерот за локална самоуправа не очекува проблеми со цензусот на претстојните избори, освен како што рече во една или две општини, а за во однос на тоа дали независните кандидати можат да предизвикаат компликации во изборниот процес, рече дека ДИК има механизми за гарантирање на успешно спроведен процес.

-Точно е дека на овие избори ќе гледаме повеќе политички фолклор, отколку што сме навикнати досега, но не очекува проблеми и сметам дека е добро и ние како политички партии и независните граѓански организации еве фронт да се измерите сите па да видиме што ќе правиме понатаму. Јас секогаш сум отворен за комуникација со нив, во суштина тие тоа го бараа да нема долен праг и тоа го добија, рече Перински. 

Во врска со тоа дали е можно да се оспорат изборите пред Управниот суд, затоа што законска норма е укината, но не е заменета со закон, како и можноста за владини повереници, Перински вели дека тие се поставуваат кога има неуспешно спроведен процес и кога нема постигнато цензус за да се одлучи кој ќе биде нов градоначалник.

-Тоа сметам дека за демократијата е лошо, ако гледаме политички на нас како политичка гарнитура, кои сме во рамките на Владата може и не звучи така лошо, но на крајот на денот не гледам причина зошто би дошло до тоа кога сите политички субјекти  и голем број од граѓанските организации веќе пријавија кандидатури за учество, рече Перински. 

За Ресурниот центар за поддршка на општините истакна дека тргнале од фактот дека има одреден степен на различности во рамки на степенот на развиеност и на регоните и на општините. Целта е повеќе да не се мерат како мали и големи, како рурални и урбани, туку да се најде модалитет сите да имаат пристап до тоа што им е потребно, а еден од најгорливите проблеми е недостиг на човечки капацитети. 

Нагласи дека Владата со помош на УНПД, донација од Швајцарската амбасада, како и поддршката што на Центарот ќе му се дава преку проектот на Делегацијата на ЕУ, ЕУ за општините, креиран е буџет од 500 илјади евра. Од тие пари ќе се исплаќаат експертите, кои ќе бидат ангажирани за да им помагаат на општините и тие ќе бидат исплаќани само доколку се ангажирани, односно нема да има нови вработувања.