Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Перински: Отворен Јавен повик за креирање на база на висококвалификувани експерти во Ресурсниот центар

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објавува јавен повик за експерти коишто ќе бидат дел од базата на експерти на Ресурсниот центар, кој е отворен за аплицирање до 15 декември годинава.

Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се вклучи ќе има можност да сподели знаење, да работи на конкретни предизвици, да креира решенија и да даде видлив придонес во развојни процеси од локално значење.

Преку овој јавен повик, како што објави на Фејсбук министерот за локална самоуправа Златко Перински, ќе се формира регистар на висококвалификувани експерти и практичари, кои согласно потребите на општините, ќе бидат ангажирани за различни видови на професионална поддршка: менторства, специјализирани обуки, теренски ангажмани, развој на алатки, подготовка на анализи, прирачници, стратегиски и оперативни документи и други форми на експертски придонес.

Реклама

Областите на потребна експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, опфаќајќи сектори кои имаат значајно влијание врз функционирањето на локалната самоуправа, подобрувањето на услугите кон граѓаните и креирањето на стратешки решенија за долгорочен развој.

-Со овој јавен повик ги охрабруваме сите професионалци кои сакаат да имаат придонес, да работат на значајни процеси и да го споделат своето искуство, да се пријават и да бидат дел од оваа суштинска иницијатива за поддршка на јакнењето на локалната самоуправа, вели Перински. 

Повикот може да се најде на следниот линк:  https://mls.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-povici/javen-povik-za-izrazuvanje-interes-za-ucestvo-vo-bazata-na-eksperti-na-resursniot-centar-za-poddrska-na-razvojot-na-opstinite