Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Перински најавува државна поддршка од 20 милијарди денари за комуналниот сектор

Повеќе од една деценија комуналните претпријатија во држава се во тешка состојба,една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од една деценија комуналните претпријатија во држава се во тешка состојба,една од главните причини е енормниот раст на долговите кој се таложел поради големите сметки за електрична енергија. Дополнително,цената на водата со години наназад останува непроменета, и покрај тоа што оперативните и енергетските трошоци бележат континуиран и повеќекратен раст.За да им помогне на коминалните претпријатија,државата издвои близу 20 милијадри денари.

“И тоа  е навистина силен мотив за општините да продолжат понатаму да се развиваат и на крај на денот да овозможат рамномерен развој и соодветни услови на цела територија на Македонија.Затоа што навистина е невкусно во 21 век во модерни услови на живеење на имаме места каде што сеуште немаме водовна инфраструктура, канализациона инфраструктура и секако патна инфраструктура”-вели Златко Перински-министер за локална самоуправа

Перински кажа дека во делот на управувањето со отпадот се потребни инвестиции од најмалку 150 милиони евра, додека за водните услуги до 2040 година превидено е да се вложат над 1,5 милијарди евра.Ескперите посочиваат дека голем пробем се системите за одведување на урбани и отпадни води.

Реклама

 “Свесни сме и сите знаеме дека овие системи се со така кажано изминат рок на траење и бараат итна потреба од нивна реконстукција и изведба на нови инфраструктирни објекти”-вели Ѓорѓи Христов- советник во ГИЗ

Во моментот ситуацијата со третманот на отпадните води е навистина сложена и се решава со изведна на нови причистителни станици.

 “Од една страна се исклучително потребни, од друга страна навистина креираат големи финансиски барања од страна на јавните комунални прептријатија и тие не можат да се справат со тоа и затоа се наоѓаат начини дали на локално и централно ниво да се работи на намалување на потрошувачата на електрична енергија со градење на електрични фотоцентрали”-вели Линдита Шакири-министерство за животна средина

Воспоставени се многу мерки и регулативи за заштита, кои треба да се почитуваат. Додека се почне со приема на иновацвии во третманот на отпадните води, со цел да намалување на потрошувачката, проблемот се решава со изградба на пречистителните станици во повеќе градови како и во Скопје.До сега во Вардар се влевале непрочистени отпадни води.