Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Перински: Градоначалниците не само да бараат финансиска помош, туку и да си ги наплатат даноците

Владата е пријателски настроена кон бизнисот кој треба да го креира растот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е пријателски настроена кон бизнисот кој треба да го креира растот. Бизнис климата е вежна за да се остварат добри резултати. Ова е ставот на министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој учествуваше на конференцијата Светот во 2025 година.

Локалната самоуправа треба да го поддржува развојот. Сепак, Перински вели дека наместо решавање на проблемите, некогаш општините се кочничари за фирмите, главно поради недостатокот на финансии за капитални инвестиции. Тој критикува дека градоначалниците не можат самите да си ги соберат парите од данок на имот, некои не издавале навреме даночни решенија, а барале пари од централниот буџет.g

Дигитализација на услугите на општините кон граѓаните и фирмите – ова е клучно за да се формираат модерни општини. Ако не се ажурираат базите на обврзници, наплатата на данок на имот ќе остане на потпросечно ниво од 50-тина проценти.

Реклама

За да можат да понудат квалитетни услуги на фирмите и граѓаните, општините мораат да вложуваат во квалификуван кадар. Според Перински , бизнисот мора да работи заедно со локалната самоуправа ако сака да обезбеди натамошен развој не само на локално ниво, туку и во цела држава.