Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Пендаровски во улога на миротворец на годишното обраќање во Собрание, вели никој не би преговарал за идентитетот

Одржување на добри меѓуетнички односи, продолжување на македонските евроинтеграции, борба против корупцијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одржување на добри меѓуетнички односи, продолжување на македонските евроинтеграции, борба против корупцијата, константен политички дијалог меѓу власта и опозицијата – ова се клучните поенти од годишното обраќање на шефот на државава. Стево Пендаровски сакајќи веројатно да го направи и последниот притисок за уставни измени, порача дека идниот собраниски состав ќе мора да ја продолжи дебатата, но со далеку почесен однос кон македонската јавност. Според него, кристално било јасно е дека Европската рамка не може да се промени на подобро, ниту билатералниот договор со Бугарија, независно кој е на власт во Брисел или во Софија. Истовремено, обидувајќи се да делува миротворно порача дека ниту еден политичар не би преговарал за идентитетот, иако Македонија го смени името, а под бугарските уцениз заглави за време на неговиот мандат.

По нашите избори следната година, без оглед како ќе одлучат македонските граѓани, две работи се клучни за државата: одржување на стабилни меѓуетнички односи и западната ориентација во надворешната политика, односно продолжување на европската интеграција – рече претседателот Стево Пендаровски.

Зборуваше и за консензус, а власта која го поддржува не ни се обиде да го постигне, игнорирајќи ја опозицијата. Oва е последно годишно обраќање на Пендаровски во неговиот пет-годишен мандат. Рече дека во некои ситуации можел да постапи поинаку и дека не бил безгрешен – сепак, имал мирна совест.

Реклама

„Никогаш во мојот мандат не сум учествувал во валкани кампањи против политичките опоненти, иако од нив не бев поштеден, ниту јас, ниту моето семејство, никогаш не договарав тендери и провизии, не вработував роднини и пријатели и никогаш за себе или за најблиските немам побарано посебен третман. Како за сите, така и за мене“, оцени претседателот.

Освен евроинтеграциите и уставните измени, доминираа и темите како војната во Украина, иселувањето на младите, судството и корупцијата, војната меѓу Хамас и Израел.  Зборувајќи за отпорот да се спроведат реформите во правосудниот систем, рече дека проблемот лежи во спрегата меѓу политичката и бизнис заедница со дел од судиите и обвинителите, која во изминатите децении, како што вели, создаде атмосфера во која се разви ендемска корупција што ја загрозува виталноста на државата.