Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Пендаровски и владата се дистанцираат од Малески

Пендаровски и владата во обид да се дистанцираат од Денко Малески.Шефот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пендаровски и владата во обид да се дистанцираат од Денко Малески.Шефот на државата се оградува од позициите на надворешниот советник дека Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков се Бугари. Од кабинетот велат дека тоа не биле ставови на претседателот. Но сепак тоа немало да биде пречка и во иднина да соработуваат.

“Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи. Меѓутоа, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески. Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени”, велат од кабинетот на претседателот.

И од владата велат дека ставовите на Малески се лични и не ги претставуваат нивните позиции. Не требало да се дозволи причина з аподелба да бидат настани и личности важни за Македонија и Бугарија.

Реклама

“Денес постоењето на македонскиот идентитет и македонски јазик се општоприфатена и меѓународно призната реалност.
Историските прашања и дискусии со Бугарија ќе продолжат во рамките на заедничката комисија, со доследно почитување и спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија, што впрочем е и обврска за двете страни”, велат од владата.

Ставовите на професорот и поранешен министер за надворешни работи изминаативе денови ја разбрануваа јавноста. Во колумна и во изјава за бугарска телевизија истакна дека треба да се прифати историската вистина оти Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека некогаш сме биле еден ист народ. Реагираа бројни историчари, универзитетски професори. Не исклучија дека зад ваквите изјави може да има и скриени мотиви. Колку за потсетување работата на македонско – бугарската комисија за историски прашања зџапна токму на прашањето за Гоце Делчев.

Градимир Марковски