Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Пендаровски беше и остана гласноговорник на поразената елита на криминалот и тивката капитулација

Стево Пендаровски, поранешен претседател кој доби функција на поклон од Зоран Заев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стево Пендаровски, поранешен претседател кој доби функција на поклон од Зоран Заев и чиј мандат остана запаметен по политичка сервилност, дипломатски резилења и рекорден степен на неважност, денес реши повторно да се јави од политичката сенка со уште една серија на празни флоскули. Наместо да се соочи со катастрофалните последици од неговото неработење, Пендаровски се обидува да дели лекции за државност, интеграции и политика, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Да потсетиме: Токму тој беше човекот што 5 години храбро ја одмолче секоја неправда и скандал на власта на СДСM и ДУИ. Молчеше кога Бугарија го блокираше патот на Македонија. Молчеше кога неговите ментори во Владата ги менуваа учебниците, се откажуваа од историјата и преговараа за идентитетот. Го немаше никаде кога граѓаните бараа правда, кога Македонија тонеше во корупција, сиромаштија и понижувања на двоецот Заев-Ахмети. Пендаровски беше и остана гласноговорник на тивката капитулација.

Денес, кога државата има премиер што не прифаќа ултиматуми, кога власта се врати кај народот, кога се брани националното достоинство, Стево Пендаровски станува загрижен. Не за државата, туку за тоа што конечно нема кој да му даде фотелја.

Реклама

Неговите обвинувања за „колосално промашување“ не се ништо друго туку одраз на паниката во редовите на поразената елита. Нека биде јасно: Македонија нема да чека нови уценувања за да стане членка на ЕУ. Нема да тргува со историјата, идентитетот и достоинството. Владата предводена од Христијан Мицкоски е подготвена за реформски процеси, но не и за капитулација. За разлика од Пендаровски, кој молчеше и климаше со глава додека ја кршеа Македонија, денешното раководство зборува јасно, гласно и во интерес на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Пендаровски го обвинува Мицкоски за патриотизам. Да, вистина е, Мицкоски е патриот. Но не со зборови, туку со дела: со работа, со визија, со почит кон народот, со одбрана на државните интереси. Пендаровски пак, остана симбол за тоа како изгледа политичар без став, без поддршка и без кредибилитет.

1. Како тоа одиме кон „недемократски држави“ – како што вели Пендаровски – а склучуваме стратешки партнерства со Велика Британија и имаме редовни средби со највисоки претставници на САД, меѓу кои последната беше пред два дена со сенаторот Марко Рубио? Критиката на Пендаровски е или злонамерна или резултат на целосна неинформираност.

2. Пендаровски очигледно чувствува празен политички простор и се турка себеси како нов лидер на опозицијата. Наместо да се повлече и да се засрами за бламот што ѝ го нанесе на државата за време на неговиот мандат, тој, кој тогаш молчеше и одобруваше сè што ја донесе Македонија до работ на национален пораз, денес се јавува како гласноговорник на „загрижените“. Ако денес, според него, нешто не е добро, тогаш нека одговори зошто молчеше кога беше претседател? Дали тогаш сè беше во ред само затоа што фотелјата беше удобна, уцените јасни, а личните интереси пред сè? Зошто тогаш беше тивок како француска собарка пред важен гостин?

3. Пендаровски денес „не видел стратегиски договор со Британија“, човекот кој на Борисов му рече „кај си бе, љубави, те поздрави Зоки“, човекот кој правеше пазар со ДУИ базиран на сервилност и непринципиелност само за да остане претседател. И тоа молчејќи додека тие партии, СДСМ и ДУИ, ја крадеа и уништуваа државата. Ако не видел ништо, подобро и да не гледа. Македонија не му должи ништо, а од него памети само што значи да имаш претседател без ниту еден принцип, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, ако Стево Пендаровски сака нешто да каже, нека почне со извинување: за неговата тишина, за неговото одобрување на срамните понижувања, и за тоа што како „врховен командант“ беше најтивкиот глас во времињата кога државата молеше за правда.

Народот веќе пресуди. Вие изгубивте. Македонија оди напред, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.