Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Прилози

Пеце Мирчевски во притвор: Бадијала му се Пасатот и Ауди Q8, во Шутка ќе оди со полициско возило

Бадијала му се и Пасатот и Ауди КУ осмицата, Пеце Мирчевски со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бадијала му се и Пасатот и Ауди КУ осмицата, Пеце Мирчевски со полициско возило оди во Шутка. Кривичен го прифати барањето на Обвинителството и екс директорот на СОЗР го испрати во 30 дневен притвор.

-Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му се определува мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основите Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, соопштија од Кривичен.

Мирчевски се сомничи за две кривични дела- примање поткуп и проневера во службата. Според обвинението противзаконски се збогатил со 85 илјади евра, а како мито добил и два автомобили. Осомничен е дека делата ги сторил додека бил на функција, но и после тоа.

Реклама

-Осомничениот и откако бил разрешен од функцијата директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, од фирмата сопственост на второпријавениот продолжил да остварува директна материјална корист за себе и за својата сопруга, па за лични потреби и цели, без надомест, продолжил да го користи патничкото моторно возило “Фолксваген пасат”, како и уште едно возило марка “Ауди Q8”, за што му е поведена скратена постапка и согласно ставот 3 на кривичното дело – Примање поткуп, велат од ОЈО.

Последниов период сме сведоци на неколку кривични процеси поради сомнежи за сторен криминал од минатата власт. Според познавачите тоа е и повеќе од очекувано, бидејќи секој знае што се случувало во минатото, посебно во институција како што е СОЗР.

-Претходната Влада со сите директори на СОЗР во континуитет се испостави дека има проневери и проблеми. Мислам дека ова не е издвоен случај, јавноста низ изминативе неколку години, па и промената на власта минатото лето беше и повеќе од јасно дека тоа што се случувало таму, во поголем или помал обем го има во огромен дел од институциите. Прашањето е само на тоа кога, што и како ќе се процесуира, изјави Александар Ристевски.

Инаку, за второосмничениот- сопственик на фирма, кој го подмитил Мирчевски –  определени се мерки на претпазливост- одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува во судот и забрана за комуницирање со други лица поврзани со кривичното дело.

Матеја Петровски