Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун

При инспекциски надзори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кај 23 правни субјекти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При инспекциски надзори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) кај 23 правни субјекти кои вршат трговија на мало со тутун и производи од тутун, кај 16 правни субјекти биле затекнати количини на тутунски производи за кои тие не поседувале документи за набавка од добавувач и ги немале потребните ознаки – акцизни марки. Како што соопшти ДПИ, контролите биле извршени на 17 и 18 ноември на територија на Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.

-Согласно законските надлежности, затекнатите производи во количина од над 3000 пакувања со вредност од над 1.000.000 денари се привремено одземени и предадени во Агенцијата за управување со одземен имот на Македонија. За констатираните прекршоци, Државниот пазарен инспекторат, постапувајќи согласно законските надлежности, издаде прекршочни платни налози, за неправилностите достави известување и до другите надлежни институции, Царинската управа и Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување, соопшти Пазарниот инспекторат. 

Информира и дека ќе продолжи со спроведување на инспекциските надзори „со цел утврдување и санкционирање на нелегалната трговија на територија на Македонија согласно законските надлежности“.

Реклама

-Акцијата е дел од посветеноста на Државниот пазарен инспекторат за борба против корупцијата и криминалот, додава ДПИ во соопштението.