Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Патролa на ЕУФОР од македонски и турски војници спасила двајца патници од потопено возило кај Тузла

Патрола на силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), составена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Патрола на силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, вчера попладне спасила две лица од возило што излетало од патот Грачаница – Тузла.

Како што соопштува ЕУФОР БиХ, несреќата се случила околу 14 часот, кога возило „фолксваген голф“ изгубило контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетало од коловозот и удрило во дрвја во близина на провалија. Возилото завршило во дијагонална положба, а двете лица во него останале делумно потопени во вода.

– Припадниците на патролата на ЕУФОР брзо реагираа на местото на настанот. Двете лица се обидуваа да се извлечат од пропустот, стравувајќи дека возилото може дополнително да пролизга или да се преврти. Група цивили, исто така, реагираше, обидувајќи се да го стабилизира возилото држејќи го за тркалата за да спречи натамошно движење, се наведува во соопштението.

Реклама

Поради можни повреди, особено кај жената за која постоело сомнение за скршеници, спасувачкиот тим постапувал внимателно. Со користење скала како импровизирана носилка, жената била обезбедена и извлечена од пропустот, со цел да се избегнат дополнителни повреди.

Од ЕУФОР посочуваат дека остануваат посветени на безбедноста на сите граѓани на патиштата и ја поздравуваат брзата реакција и тимската работа на припадниците ангажирани во спасувачката операција.