Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Пасоши, возачки и лични карти без хаос: И во шпицот на сезоната документите се вадат без долги редици

Го нема хаосот и редиците пред вратите на Министерството за внатрешни работи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го нема хаосот и редиците пред вратите на Министерството за внатрешни работи за пасоши и лични карти. Иако бројот на барања за лични документи е зголемен за време на летната сезона, издавањето тече без никаков проблем.

Граѓаните кои ги затекнавме пред управните служби во МТВ велат дека иако има голема раздвиженост, работа се завршува за помалку од 10-тина минути.

Граѓаните задоволни бидејќи им бил закажен термин од „денес за утре“.

Реклама

Во текот на јули биле поднесени околу 55.000 барања за лични документи, меѓу кои и за патни исправи. Во редовна постапка, термин за поднесување барање се добива во рок од еден до два дена, додека документите се издаваат за најмногу седум дена.

Од МВР посочуваат дека ова е првпат во јули и август, кога традиционално има најголем број граѓани од дијаспората во земјава, постапката да се одвива без подолги рокови на чекање. Полицијата располага со доволно капацитети за да одговори на зголемениот број барања, а во случаи на итни и оправдани причини службите постапуваат по законските можноста за итна постапка.

  • „Министерството им препорачува на граѓаните од дијаспората навремено да ја проверат важноста на своите документи и доколку има потреба, барањето за нова патна исправа да го поднесат веднаш по пристигнувањето во државата, имајќи предвид дека во моментов редовната постапка овозможува издавање на документите во кратки рокови“ велат од Министерството за внатрешни работи.

Досега беа реконструирани просториите на управните служби во повеќе полициски станици,а во план е подобрување на условите уште во неколку. Тоа ќе придонесе, како што велат од МВР, услугите да бидат побрзи, поефикасни и со пократко време на чекање.

Сегашната слика во управните служби на полицијата е многу поразлична пред почетокот на 2024-та година кога поради Преспанскиот договор граѓаните беа приморани да ги менуваат пасошите. Но поради неспремност на тогашното раководство системот целосно колабираше во редици со часови се чекаше за фотографирање и подигање на личните документи.