Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Партнерсрвото за одбрана и безбедност со ЕУ, тема на разговори во Њујорк

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Њујорк,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Њујорк,  во рамките на неговото учество на 70-тата сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединетите нации (CSW70) присуствуваше на два значајни настани.

Имено, на покана на Делегацијата на Европската унија при Обединетите нации, заменик-министерот Димитровски присуствуваше на затворен состанок посветен на операционализацијата на одредбите за Жени, мир и безбедност во рамките на Партнерствата за безбедност и одбрана што Европската унија ги има воспоставено со своите партнери, меѓу кои е и нашата земја. 

На состанокот се разговараше за зајакнување на соработката во имплементацијата на оваа агенда, можностите за придонес на земјите партнери, унапредувањето на регионалната соработка и размената на добри практики. 

Реклама

Во своето обраќање, заменик министерот ги претстави националните напори и достигнувања во спроведувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН, вклучително мерките за зголемување на учеството на жените во секторот за безбедност и одбрана, како и активностите за интегрирање на родовата перспектива во процесите на одлучување.

Исто така, во рамките на учеството на CSW70, нашата земја настапи и како ко-организатор на паралелен настан одржан во партнерство со Република Молдавија, Шведска, Чешка и UN Women, посветен на зајакнување на пристапот на жените до правда и поддршката за жртвите на родово базирано насилство. 

Настанот обедини претставници на влади, меѓународни организации и експерти со заедничка цел, да се пронајдат поефикасни начини преку кои правните системи ќе можат да одговорат на потребите на жените кои се соочуваат со родово базирано насилство. 

Беа споделени конкретни искуства и практики насочени кон унапредување на законските механизми, зајакнување на меѓуинституционалната соработка и поголемо вклучување на приватниот сектор, со цел превенција на насилството и создавање средина во која жртвите се слушнати и заштитени.

На двата настани беше потенцирано дека насилството врз жените останува едно од најраспространетите, но и најмалку пријавени прекршувања на човековите права, и дека градењето правда достапна за секоја жена мора да остане заеднички и непоколеблив приоритет на државите и институциите.

Учеството на заменик-министерот Димитровски на овие настани претставува уште една потврда за посветеноста на нашата земја кон унапредување на родовата еднаквост, зацврстувањето на партнерството со Европската унија и доследното следење на меѓународните стандарди и вредности.