Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Пановски: Скапо го плативме колективниот имунитет оти немавме набавено вакцини на време

Ковид бранот спласнува во Македонија благодарение на колективниот имунитет, но не со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ковид бранот спласнува во Македонија благодарение на колективниот имунитет, но не со вакцини туку по природен пат децидни се експертите. Професорот Никола Пановски за Алфа вели за жал скапо не чинеше овој начин на стекнување имунитет – со илјадници изгубени човечки животи.

“Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симтпми некои не знаеа дека го имаа..и некои завршија во болница.Според сите проценки околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите.” – вели професорот Никола Пановски.

Професорот не очекува дека во летните месеци ќе се соочиме со нов посилен ковид бран, но не ја исклучува можноста за тоа, со оглед дека вирусот е непредвидлив.На прашањето дали треба да се олабават мерките до степен да се дозволат и прославите Пановски вели се што е на отворено не е опасно.

Реклама

“Ако се исклучиво на отворен простор да, меѓутоа ако се во затворено не. Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста.Меѓутоа сепак впечатокот е дека вирусот нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно.Но и топлото време има влијаниие за намалување на бројките.” – изјави проф.Пановски.

И додека македонските здравствени власти се двоумат дали треба да има свадби и прослави и да се ослободат вакцинираните од маски на отворено…Србија очекува ослободување од ковид на 21 Јуни.Но со услоов 50 отсто од полнолетните граѓани  да бидат вакцинирани, досега имунизирани се повеќе од 42 проценти.За разлика од Србија, во Македонија вакцинирани се нешто повеќе од 8 отсто од наслението.

Ања Василева