Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Панихида по повод 101 година од смртта на Тодор Александров

Тодор Александров, е еден од главните столбови на современата македонска држава, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тодор Александров, е еден од главните столбови на современата македонска држава, а негова животна водилка била идејата за автономна и суверена Македонија-порача Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт -ВМРО-ДПМНЕ, на одбележувањето 101 години од смртта на Александров. Во црквата Успение на Пресвета Богородица во родното место на големиот војвода, штипско Ново Село, се одржа панахида во негова чест..

  • „ За мене како Македонец, историчар и политичар, токму Тодор Александров, е еден од славните македонски синови на кои им должиме тоа што ние сега ја имаме Р.Македонија, како држава„ изјави Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт-ВМРО-ДПМНЕ. 

Тодор Александров, беше една од најконтроверзните историски личности. Се тврдеше дека бил и бугарски поданик, но до деведесеттите години историјата успеа да докаже кои биле неговите вистински идеали и кауза..

  • „Тие контраверзии ако постоеле до деведесетите  и се расчистувале крајот на минатиот и почетокот на овој век, на секој еден му е јасно дека тој е Македонец, роден во Штип, Ново Село, работел и дејствувал како Македонец, работел за македонската кауза, идејата за автономна и суверена Македонија била во неговата идеја водилка и за самото тоа на крајот од денот релативно млад го има изгубено својот живот„изјави Александар Пандов. 

Панахидата за Александров, се одржува по 30-ти пат, а минатото лето во штипско Ново Село, беше поставен  споменик-обележје со неговиот лик.