Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Панел дискусија во Кавадарци: Да се подигне свеста за органодарителството

Органодарителство во Македонија, е насловена јавната панел дискусија што вечерва се одржува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Органодарителство во Македонија, е насловена јавната панел дискусија што вечерва се одржува во Кавадарци. Проф. д-р Билјана Кузмановска, анестезиолог и национален координатор за трансплантација, во изјава за медиумите рече дека настанот е дел од напорите да се подигне свеста за органодарителството.

Таа појасни дека тоа е граѓанска иницијатива, што има и институционална поддршка, се правеле карвани во повеќе градови, ова е веќе четврти ваков настан. Покрај, како што додаде, настапи по медиуми, едукативни настани. Кузмановска подвлече дека се трудат да го приближат органодарителството до сите луѓе и да одат од град во град да објаснуваат на младите, на публиката, на сите категории од населението, да ја разберат важноста за органодонорство.

– Денеска испишавме од болница, пациент кој што беше трансплантиран, прими орган од починат донор.
Кога му кажав каде одиме, негова лична желба и замолница беше да кажеме дека е ваш сограѓанин, дека е жител на Кавадарци и дека е примател на орган и да го поддржиме органодарителството и да продолжиме со ова. Ова е порака од пациент кој штотуку доби орган, истакна проф.д-р Кузмановска. 

Реклама

Проф. д-р Сашо Дохчев, хирург, уролог, шеф на тимот за трансплантација на бубрези при Универзитетската клиника за урологија – Скопје, како претставник на Клиниката за урологија, потсети дека Урологија има една успешна, приказна, долгогодишна, што е плод на заедничка соработка на различни стручни лица,  што треба да продолжи. И тој истакна дека е неопходно да се подигне свеста за органодарителство. 

– Нема поголем чин на човекољубие од органодарителството. Затоа ги повикувам сите да се приклучат на оваа наша кампања. Да ги задоволиме сите наши пациенти на кои им требаат органи, нагласи проф. д-р Дохчев. 

Проф. д-р Сашко Јовев, специјалист по кардиохирургија од Државната кардиохирургија ја поздрави оваа иницијатива и повика да се вклучат што повеќе луѓе. 

– Сметам дека токму овие средби многу ќе ја подигнат свеста на нашите граѓани, за органодарителство, додаде проф. д-р Јовев. 

Директорот на Клиниката за нефрологија, Никола Ѓорѓиевски ја поздрави иницијативата што е значајна за сите, особено за пациентите кои имаат потреба од трансплантација, а има за цел зголемување на свесноста за органодарителството.

 – Органодарителството, особено кадаверичната трансплантација, претставува еден најхуман чин, еден чин на човекољубие, чин на солидарност, при што ние самите, помагаме еден на друг. Затоа и мојот апел, сите заеднички да помогнеме, да го подигнеме значењето на трансплантација, порача д-р Ѓорѓиевски. 

Модератор на настанот е проф. Ирена Ралева-Најдевска, овластен лектор, координатор на ЛМО при ОЕМУЦ, национален обучувач за финансиска писменост CEFE Македонија, координатор за Еразмус проекти и сопруга на пациент со двојна механичка потпора на срце (BIVAD) седум години, кој пет години активно чека донор на срце.