Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“, на која ќе присуствува и хрватскиот експерт Дробњак

Во Собранието денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“, на која ќе присуствува и ќе се обрати поранешниот главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија и експерт на УНОПС, Владимир Дробњак. 

Како што е најавено од собраниската прес-служба, Дробњак ќе се обрати на тема „Проширувањето на ЕУ во променлив геополитички контекст: што значи тоа за Западен Балкан“. 

Предвидени се воведни обраќање на претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, на Националниот совет за евроинтеграции на Собранието, Венко Филипче, на шефот на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Иванка Василевска, на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на амбасадорот на Шведска во Македонија, Ола Солстром, на заменикот на амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Михал Харари.

Реклама

По воведните обраќања, предвидена дискусија со пратениците.