Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

Пандов: Дел од директорите на затворите во Македонија се однесувале како Луј IV

Во стилот на Луј IV се однесувале некои од директорите на затворите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во стилот на Луј IV се однесувале некои од директорите на затворите во Македонија. Казнено-поправните институции, си ги доживувале како приватни, па на таков начин и ги третирале затворениците, изјави директорот на Управата за санкции, Александар Пандов. Во моментот во македонските затвори недостигаат од 120 до 130 затвореници. Поголем дел од нив, не биле најдени во ќелиите, бидејќи не се вратиле од слободен викенд

  „ Дел од раководството на затворите се однесувале во духот на Луј IV. Они како директори си се доживувале дека се сопственици,дека тоа се приватни затвори  и така ги третирале затворениците. Имало затвореници, кои сме ги воделе како граѓани на Р.Македонија дека се во затвор, а не престојувале„ изјави директорот на Управата за санкции, Александар Пандов.

По увидот е констатитирано дека дел од затворите се во многу лоша состојба и само психички стабилна личност би можела да издржи во нив.

Реклама

   „Има затвори кои се од латино-американски стил и ќе повторам дека само искчлучително ментална силна личност би можел да издржи во нив. За жал браќата од 27април, некој од нив и по 2,6години ги држеа во притвор, конретно во Шутка. Но имате и затвори, да не бидат погрешно сфатен, и од европски терк и функционират супер нормално„ рече директорот на Управата за санкции, Александар Пандов.

Што се однесува за новиот продолжен прекин во издржување на казната на дел од осудените лица за 27 април, Пандов рече дека тој како директор, по медицинска документација  може да дава прекин од 30дена, а во случајот со поранешниот Министер за внатрешни работи, Митко Чавков судот му има доделено  прекин од три месеци. 

Александра Ристевска

Александра Ристевска