Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Палминтери: Верувам дека пречките помеѓу Скопје и Софија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат

Амбасадорот на Италија во Македонија Паоло Палминтери верува дека пречките кои во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Италија во Македонија Паоло Палминтери верува дека пречките кои во моментов ги имаат Бугарија и Македонија не се толку комплицирани, за да не можат да се надминат. Палминтери денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали е оптимист за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, а кој е пречка на земјава за започнување на преговорите за влез во ЕУ.

-Верувам и сметам дека пречките кои моментално се помеѓу Бугарија и Македонија, дека не се толку комплицирани за да не можат да се надминат. Така што верувам дека европската интеграција понатаму ќе биде во најдобар ред, вели Палминтери.

Тој посочи дека преговорите не се започнати и се во фаза на застој, но како што рече од друга страна останатите планови си течат во нормален тек.

Реклама

– Како што знаете планот за развој е веќе одобрен, односно кога ќе созреат во иднина, ќе матурираат сите тие односи во врска со пристапувањето на Македонија кон ЕУ, државата веќе ќе биде подготвена целосно да се вклопи во тој европскоинтегративен процес. Италија, се разбира дека се надева Република Северна Македонија да биде целосно интегрирана во рамките на ЕУ во најскоро време, изјави Палминтери.

Амбасадорот на Италија денеска на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ присуствуваше на едукативен настан на тема „101% – Who controls your choices ?“, посветен на современите предизвици поврзани со насилството и манипулацијата преку социјалните мрежи.