Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

Палевски бара изземање на обвинителката и обвинителството, тврди дека го кријат оружјето со кое биле убиени Вања и Панче

Обвинетиот Боре Видевски поседувал пиштол со дозвола од 99-та со калибар 9мм,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинетиот Боре Видевски поседувал пиштол со дозвола од 99-та со калибар 9мм, но обвинителите при претресот во неговиот дом ниту го евендентирале, ниту го земале за вештачење – со вакви тврдења Љупчо Палевски бара од Љупчо Коцевски, изземање на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска и целото скопско обвинителство. Иако знаеле дека Видевски има и пиштол и ловџиска пушка, тврди Палевски, не презеле ништо, а вештачењето од чаурата која беше најдена заедно со телото на Панче Жежовски не било приложено како доказ.

  • „Затоа јас ја приложив чаурата како доказ на одбраната. Ви доставувам и доказ за сторено кривично дело од Јосифовска. Обвинетиот Боре Видевски поседува пиштол со калибар 9 мм и дозвола издадена на 15.01.1999 година, а исто така поседува и ловна пушка мозберг 54199 од 12 мм калибар и дозвола издадена на 14.02.2001 год. Вакви злосторства се вршат со оружја купени на црниот пазар но затоа обвинителот е должен на почеток на истрага оваа околност да ја расчисти затоа што покажува обележје на кривично дело. Зошто тоа обвинителката не го сторила – треба да одговори”, посочи Палевски на рочиштето.

Според адвокатот на Палевски, оружјето кое го поседувал Видевски би можело да биде клучниот доказ за расчистување на целиот случај.

  • „Ако се пронајде пиштолот од овие обвинети овде, нека се провери таа околност, па ние како одбрана ќе си продолжиме со други факти. Невозможно е, четири обвинети да имаме, еднаш го признаа кривичното дело, па го повлекоа тоа, за сега да немаат ни едно прашање да постават и да приговорат, што укажува дека тие можеби се заложници во овој кривично-правен настан и веќе преговарале за исходот на постапката, а се од причина единствено првообвинетиот биде лицето кое го извршиле ова кривично дело“рече Марјан Витановски – Адвокат на Палевски.

Јавноста ќе дознае што правел Палевски иако тој постојано негира дека учествувал во двојното убиство, тврди од другата страна, обвинителката Крстевска Јосифовска. Наспроти тврдењата на првообвинетиот, таа вели дека сите докази ги обезбедиле.

Реклама
  • Многу чудно е како тоа обвинетиот Љупчо Палевски ги има записниците за испитување од осомничените Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски во Обвинителството, бидејќи тоа се списи кои што се само за обвинителството, а не се доставени ниту на увид, ниту на одбраната примерок, па многу е чудно како дошол до истите и ги презентира во јавноста, изјави Крстевска.

Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски се произнесе по наводите во барањето за изземање. Претходно, Палевски бараше изземање и на Стефановски, но Кривичен не прифати.  Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.