Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Палчо возел, до него седел Велибор Манев: Обвинителството ги презентираше видео снимките пред и по киднапирањето на Вања и панче

За киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска на обвинетите им требало помалку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска на обвинетите им требало помалку од 2 часа. Украдениот цитроен се паркира пред зградата на 14-годишното девојче на Наум Наумовски Борче во 6 часот и 37 минути на 27-ми ноември 2023 година, а во 7 и 30 заминува упатувајќи се кон Партизанска,а Вања била во багажникот. Обвинителството заврши со прензентација на видео снимките од Сејфт сити и притватни објекти со кои тврди дека „реното кангу“ тргнува од седиштетот на партијата Десна, а по киднапирањето и убиството на Вања се враќа на истата локација. Двата автомобили, возејќи еден зад друг во 4 минути пред 8 часот се забележуваат во Визбегово упатувајќи се накај Горно Оризири. По помалку од еден час, се снимени на камерата од прочистителната станица во село Бразда, а по 13 минути на истата камера е регистриран само реното кангу кое се враќа назад кон селото.

Обвинителството тврди дека токму тоа е времето кога бил запален украдениот цитроен од Панче Жежовски, а Палевски го вози реното кангу упатувајќи се кон општина Чаир. На камерите од Сејфт сити, се гледа првообвинетиот а до него седи Велибор Манев, вели обвинителот.

  • „Дека е користено истото возило било користено за превезување за оштетеното дете Вања, говори и доказот а тоа е дека во опожареното возило е пронајден приврзок кои подоцна се препознаени од мајката на детето“ рече Ана Стојковиќ Димитровска – јавен обвинител.

Адвокатот на Љупчо Палевски, на ова видео приговараше дека во возилото не се гледа првообвинетиот.

Реклама
  • „Ликот на Љупчо Палевски не се гледа на ниту една снимки. Тоа го утврди и самиот судија, кој рече дека наликува на него. Снимките од камерите не покажуваат ниту еден лик, ОЈО мора тоа да го докаже“ вели адвокатот Јовица Страшевски.

Одбраната е незадоволна од одлуката откако Палевски бараше изземање на обвинителството од целата постапка, но не му беше прифатено

Во судницата беа презентирани и видео снимки од автомобилот на Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој критичниот ден во 9 часот и 14 минути оди до крижниот тек кај момин поток, а неколку часа подоцна неговото возило е регистрирано и на излезот од Скопје кај Сарај.

На 22-ри ноември 2023-та година двете возила, реното кангу и цитроенот биле снимени од приватни објекти и во Велес. Возејќи се еден зад друг, се упатуваат во насока од Велес кон Скопје, и според обвинителството тогаш бил убиен пензионерот Жежовски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.