Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Паднаа бугарските маски: Аманданите во EП се доказ дека уцените ќе продолжат, затоа потребни се гаранции од ЕУ

Стотината амандамни од бугарсире европратеници каде бараат се и сешто , се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотината амандамни од бугарсире европратеници каде бараат се и сешто , се фоказ дека владата има право да бара гаранции од ЕУ ако евентуално ги стаиме Бугарите во Уставот дека нема да имаме понатамошни условувања, вака универзитетскиот професор Јове Кекеновски ги коментира последните случувања поврзани со извештајот на Вајц за напрадокот на Македонија.

Кекеновски вели дека Софија има небулозни барања кои се косат со сите цивилизацкиски вредности и се надева дека Европа ќе смогне сили и сите амандмани кои се поврзани со јазикот, иденитетот и исотријата ќе си отфрли.

Значи, мораме да ставиме крај на овие небулозни и ирационални барања, што уште еднаш ја потврдува нивната задна намера – односно ја демонстрираат пред целокупната европска и светска јавност нивната национал-шовинистичка политика, што сигурно се коси со европските вредности.

Реклама

Од друга страна, ова е добра можност да реагираат и сите пратенички групи во Европарламентот, каде што би требало едногласно да ги одбијат сите овие барања, кои далеку ги надминуваат и се далеку од цивилизациските вредности.

Во врска со еден од аманманите на изпетувачот Вајц , кој бара од правната служба на Советот на ЕУ разјасни дали билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија е формален услов во процесот на пристапување, Кекеновски вели, тој протокол е само обичен записник и се надева дека со барањето на Вајц ќе се разјаснат сите дилеми поврзани со овој како што вели професорот обичен записник кој незнајно се исдигна многу високо.

Па, не знам како се случи тој документ да се дигне на ниво на сериозен акт, бидејќи тој протокол не е ништо повеќе од еден записник од состаноците на поранешниот министер со министерот на Бугарија.Тој не може да биде акт на кој што треба да се повикуваат.

Исто така, Вајц, како разумен политичар, бара од Европската комисија и од Европската унија да се изјаснат во однос на статусот на овој документ. Би било добро конечно и тие да излезат во пресрет, поточно да ја увидат реалноста и да не подлегнуваат под бугарските притисоци.

Инаку на извештајот за Македонија се поднесени 403 амандмани – од кои речиси стотина се бугарски.

Со нив, Софија бара „модерен македонски јазик“, ревизија на учебниците, засилена улога на историската комисија и дополнителни мерки за бугарското малцинство – односно прашањата за јазикот, идентитетот и историјата повторно да станат дел од европската агенда.

Од друга страна, известувачот Томас Вајц бара Европската унија да разјасни дали билатералниот протокол е формален услов во преговорите, но и предлага постепена интеграција на земјата во европските политики уште пред членството.