Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерството за здравство

Министерството за здравство попладнево информира дека прави максимални напори за обезбедување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство попладнево информира дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека тие непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, вклучувајќи го и лекот за туберозна склероза – „сиролимус“.

– Инаку, со новиот Закон за лековите се предвидени и побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Исто така, покрај воведување тригодишен модел на јавна набавка како стратешка промена во 2026 година, што е од витално значење за пациентите, истовремено е проширена техничката спецификација со 12 нови лека. Со оваа нова јавна набавка државата ја презема обврската за обезбедување 72 лека, што претставува значајно зголемување на бројот на опфатени лекови во споредба со претходните години, со што директно се зголемува и бројот на пациенти што добиваат бесплатна и современа терапија преку Програмата на МЗ за лекување ретки болести – пишува во соопштението на Министерството.