Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Отворен повик за учество на македонски, албански и грчки уметници на Меѓународниот културен фестивал во Преспа, Грција

Отворен повик до македонски, албански и грчки уметници да учествуваат во двомесечна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворен повик до македонски, албански и грчки уметници да учествуваат во двомесечна уметничка инсталација на островот Свети Ахил во Малото Преспанско езеро, упатуваат организаторите на Меѓународниот културен фестивал „Триетнес“ (TRIETHNÉS) што се одржува во Преспа, Грција, во соработка со грчката општина Преспа.

„Триетнес“, што во превод значи три народи или Тромеѓа, оваа година ќе се одржи по втор пат, уметничката инсталација е инспирирана од темата на фестивалот „Враќање на почетокот“ и ќе се одржи во август и септември годинава, а проектот го истражува концептот на враќање, не како повторување, туку како трансформација.

– Повикот бара од уметниците од различни области да го истражат островот како место кое е и материјално и симболично, простор на враќање, премин и цикличност на времето. Преку внимателно организирана патека за пешачење низ островот, посетителите ќе се сретнат со серија уметнички инсталации кои ќе се развиваат како наративно искуство, заматувајќи ги границите помеѓу почетокот и крајот, соопштија организаторите.

Реклама

Апликацијата за учество на фестивалот треба да вклучува детален уметнички предлог за ново или веќе постоечко дело, кандидатите треба јасно да ја образложат концептуалната рамка на предлогот и поврзаност со островот Свети Ахил, земајќи ги предвид просторните, историските и еколошките карактеристики на островот, како и концептот на делото.

Паралелно, секој предлог треба да биде за две избрани точки на островот, кои треба јасно да се дефинираат и објаснат, а предложените дела мора да бидат соодветни за изложба на отворено и да можат да останат поставени додека трае изложбата.

Уметничката комисија се состои од уметничкиот директор на фестивалот Георгиос Зиаврас, уметницата и архитект Димитра Марини и извршниот директор на фестивалот Џеј Рајси.

Крајниот рок за пријавување е 30 мај 2026 година, а повеќе информации за повикот и начинот на пријавување на: https://www.triethnesfest.eu/open-call/

Свети Ахил е остров во Малото Преспанско езеро и е познат по истоимената црква.

Меѓународниот фестивал Триетнес, што се реализира во поширокиот регион на Преспа лани се одржа од 28 до 31 август, во соработка со Општина Преспа и под покровителство на Министерството за култура на Грција, а на маргините беше и изложбата „По Материјата“ на македонски, грчки и албански уметници.