Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Отворен ден со граѓаните утре во просториите на Општина Илинден

Отворен ден со граѓаните ќе се реализира утре во просториите на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворен ден со граѓаните ќе се реализира утре во просториите на Општина Илинден.

– Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември, граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет. За таа цел, ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица, дека на 28 ноември (петок), со почеток од 14.00 до 18.00 часот, ќе се одржи отворен ден во просториите на Општината, каде активно и заеднички ќе го креираме буџетот, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Во соопштението се нагласува дека жителите на Илинден имаат можност да бидат дел од промените и креирањето на Буџетот со директно учество за подобрување на квалитетот на локалните услуги и условите за живот.

Реклама

– Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните, затоа ваквата инклузивна можност воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите, се истакнува во соопштението.