Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Отворен ден на Армијата во Велес

Под слоганот „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“, денеска во Градскиот парк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под слоганот „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“, денеска во Градскиот парк во Велес се одржа Отворен ден на Армијата со граѓаните, на кој беше презентирана воена опрема, возила и способноста на сите единици на македонската Армија.

Во рамките на повеќечасовната програма, која продолжена траеше до доцна попладнево, се одржа и показна вежба со службени кучиња.

Настанот го организираа Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Командата за обука и доктрини сместена во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“.

Реклама

Настанот го посетија гоем број на велешани, а најбројни беа намладите-децата, а кои сакаат поблиску да се запознаат со воените возила и опремата и да се качат на возилата и да се фотографираат. За нив посебно беше интересно спуштање со сајла што за намладите најпрофесионално и стрпливо  го реализираа  припадните од Специјалната единица „Волци“. Тие внимателно со сета безбедност по сајлата и со шлем на главата на секое дете спуштија над 250 дечиња.

Инаку настанот беше поделен на неколку тематски зони каде присутните имаа можност да се запознаат со тактичко – техничките карактеристики на дел од опремата и средствата во Армијата, гардиските и боречките вештини.

Воедно беа запознати и со активностите и начинот на школување во Воената Академија. За најмладите посетители најинтересни беа и воените хеликоптерите и нивната опрема.  Настанот беше ретка можност граѓаните на Велес непосредно да ја погледнат опремата и борбените возила, а воедно и да поразговараат со припадниците на Армијата кои секојдневно се грижат за нашата безбедност.

Со денешната свеченост беше одбележан Денот на НАТО (4 април), Денот на Првата Пешадиска бригада (2 април) и претстојниот Ден на командата за обука и доктрини (15 април).

Организаторите и граѓаните оценија дека настанот бил одлично организиран и посакаа повторна средба на припадниците на Армијата со јавноста.