Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Отворање на Младинскиот центар Карпош во Сала „Партизан“

– Општина Карпош денеска ќе го отвори Младинскиот центар Карпош, кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Општина Карпош денеска ќе го отвори Младинскиот центар Карпош, кој ќе функционира во Сала „Партизан“ и ќе биде наменет за спроведување програми и активности за младите.

Според организаторите, центарот ќе биде простор за едукација, младинска работа, креативни активности и иницијативи насочени кон подобрување на личниот, социјалниот и професионалниот развој на младите, како и место за нивно информирање и активно вклучување во заедницата.

На отворањето, закажано за 14 часот, ќе се обратат градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и извршниот директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески. Предвидено е обраќање и на раководителката на Младинскиот центар Карпош, Христина Јовчевска.

Реклама

Со Младинскиот центар Карпош во следните три години ќе раководи Коалицијата на младински организации СЕГА, која е избрана за младинска чадор-организација за управување со центарот со поддршка на Општина Карпош.

Во рамки на програмата, во вечерните часови е предвидена и музичка програма со настап на локални бендови.